Македонија 14. февруари 2020. / 23:54

Силјановска: Авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат Мизрахи

Силјановска: Авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат Мизрахи

Полициската држава во диктаторски стил воведува вербален деликт?, прашува професорката Гордана Силјановска во објава која ја напиша на нејзиниот фејсбук профил и додава дека довчерашниот министер за внатрешни работи, сега технички премиер, Оливер Спасовски, среде ноќ, во името на Уставот, го гази Уставот.

Таа пишува дека секој од нас има право на себе, само-идентификација, па и министерката Рашела Мизрахи и дека никој не може да нареди како ќе ја именува државата.

Силјановска укажува дека Спасовски не кажал кој член од Уставот го прекршила министерката Мизрахи, затоа што таков нема.

– Не кажа кој член од Преспанскиот договор го прекршила министерката, затоа што не поминале пет години, ниту е отвроено барем едно поглавје од преговорите, пишува професорката Силјановска.

Додава дека таблата е наследство на Мила Царовска, а дека вечерва, како пишува професорката, авторитарниот режим ќе добие диктаторска боја ако пратениците ја разрешат министерката Мизрахи, кршејќи го Законот за влада.

– Техничкиот министер воведе вербален деликт. Пратениците не смеат да си заминат од Собранието „Титаник“. Вечерва некои пратеници мора да отворат пат за идното собрание како „Ноев чун“, напиша Силјановска.