Македонија 02. април 2019. / 16:30

Силјановска: Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа

Силјановска: Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа

По повод Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова оствари средба со дефектолог.

Меѓународниот ден за подигање на свеста за аутизмот е само потсетување на секојдневната грижа на родителите, семејствата, училиштата и целото општество. Не е доволно да го одбележиме денот, и утре да го заборавиме, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека во правично општество никој не смее да биде оставен сам, ниту еден живот не е помалку вреден од другите. Светот чекори напред со овозможување третмани и пристап до асистивни технологии кои им го олеснуваат животот на овие лица со посебни потреби, овозможувајќи им учество во животот на заедницата и поквалитетен живот.

Солидарноста е основа на секое правично општество. Ќе сторам се’ во мојот мандат да потсетувам на реалните проблеми и на начините за нивно надминување. Аутизмот не е дефиниција на личноста, личноста е многу повеќе од тоа. Луѓето не треба да страдаат затоа што се различни, но страдаат од начинот на кој ги третира општеството, истакна Силјановска Давкова.