Македонија 22. април 2019. / 21:02

Сиљановска: Aлбанските гласачи се незадоволни од власта

Сиљановска: Aлбанските гласачи се незадоволни од власта

Професорката Гордана Силјановска Давкова во гостување во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека апстиненцијата е поголема во албанските средини бидејќи Албанците веќе не дозволуваат никој, па ниту премиерот Зоран Заев, да прави трговија со нивните гласови.

Апстиненцијата може да се гледа од повеќе агли. Прво, факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини отколку во македонските, а јасно ни е зошто. Зашто по појавата на еден граѓански ориентиран, едуциран кандидат каков што беше господинот Блерим Река, Албанците односно албанските гласови не се согласуваат веќе да служат нивните гласови за етнопартиска трговија туку се спротивставија на тоа, додаде Силјановска Давкова.