Македонија 05. април 2019. / 17:56

Сиљановска: Ајде заедно да отпоченеме Start Up револуција во Македонија!

Сиљановска: Ајде заедно да отпоченеме Start Up револуција во Македонија!

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, повика на Start Up револуција!

Тага и гнев ме исполнуваат кога ќе помислам дека нашите најдобри и најспособни млади луѓе се распослани по белиот свет во потрага по достоинствен живот. Ги избркаа најдобрите, за да ги вработат нивните ќерки и синови.

Ако дозволиме уште малку да останат на власт, нема да бидеме запаметени само како нација која се самоубила идентитетски. Ќе не’ паметат и како држава која ги избркала своите најдобри и најспособни. Целиот свој работен век им го посветив на младите. Студентите се моја инспирација и извор на мојата енергија. Мојот претседателски мандат сакам да биде мандат посветен на младите и нивните проблеми.

Не ја потценувам вашата интелигенција и не ве лажам со бајки за брз влез во ЕУ. Напротив, велам дека без заедничка заложба и труд нема да постигнеме ништо!

Ајде заедно да отпоченеме Start Up револуција во Македонија! Четвртата индустриска револуција ни нуди можност да влеземе во кругот на високо технолошки развиените земји.

Јас како претседателка напорно ќе работам кон обезбедување на добра средина за младинска иницијатива за отпочнување бизнис.

Никој нема да ни ја подобри државата од надвор. Ние самите мораме да се издигнеме!

Сметам на вас! Сметајте и вие на мене, напиша Силјановска.