Македонија 24. јуни 2019. / 20:05

Сијарто: Груевски се залага Македонија да стане членка на ЕУ

Сијарто: Груевски се залага Македонија да стане членка на ЕУ

Поранешниот премиер Никола Груевски силно се залага Македонија да стане членка на Европската Унија, истакна унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто кој е во посета на Македонија објасни дека Груевски, кој доби политички азил во Унгарија, се залага нашата држава да стане дел од европското семсјство.

– За некој што бил премиер во овој регион 10 години, претпоставувам дека има многу добро сознание и разбирање на регионот и јас не сум овластен да објавам никакви делови од нашите дискусии, меѓутоа можам да ви кажам дека вашиот поранешен премиер исто така многу се залага за вашето пристапување кон ЕУ. – рече Сијарто.