Македонија 01. октомври 2019. / 16:00

Шулц: Ако Македонија остане во пакет со Албанија, има ризик!

Шулц: Ако Македонија остане во пакет со Албанија, има ризик!

Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц во интервју за Канал 5, говори за шансите да добиеме датум во октомври, дали ќе бидеме колатерна штета на Албанија, што всушност бара Макрон.

Колку што можам да видам денеска, ќе има едногласна одлука за отворање на преговорите, вели Шулц во интервјуто и додава дека неговото чувство е дека заедно со Македонија и Албанија ќе добие датум за преговори.

На прашањето дали е воопшто можно да се предвиди кога Македонија ќе стане полноправна земја членка на Европската Унија, Шулц одговора со категорично „Не“.

Тоа не може да биде предвидливо се додека живееме во турбулентни времиња, додава Шулц.

Ако Западен Балкан остане надвор е ЕУ, според него, постои опасност за стабилноста на регионот, а најризична земја е Босна.

Целото интервју со Шулц на Канал 5 можете да го погледнете подоле.