Македонија 02. мај 2018. / 14:02

Штитеници побегнале од Психијатриската болница во Демир Хисар – сеуште нема обезбедување

Штитеници побегнале од Психијатриската болница во Демир Хисар – сеуште нема обезбедување

Две нови бегства од ЈЗУ Психијатриска болница Демир Хисар се случија изминатиот викенд, дознава Лидер.

За среќа, пациентите се навремено најдени и не е настаната поголема трагедија. Извори за Лидер велат дека во болницата сеуште нема обезбедување, а со тоа се зголемува и бројот на бегства, со што е загрозена безбедноста на персоналот и на граѓаните на Демир Хисар.

Друг проблем во оваа болница е што средниот медицински персонал (медицинските сестри и болничарите) пред скоро време поднесе тужба до болницата со која се бара да се вратат скратените коефициенти за работа и да бидат соодветно платени. Раководството на болницата поради тужбата, од први мај, го променил распоредот и наместо да бидат платени повеќе поради дежурствата, се променила работата во смени, спротивно од тоа што го најави министерот.