Македонија 02. јуни 2020. / 15:23

Штип засега куртули: Нема препорака за карантин или полициски час

Штип засега куртули: Нема препорака за карантин или полициски час

Комисијата за заразни болести утрово не даде препорака за воведување карантин или полициски час, информира државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, кој деновиве е постојано на терен и ја следи состојбата со новозаразените во Штип.

Тој вели дека на Комисијата за заразни болести е утврдено дека за Штип бројките се помали од вчера и поради тоа не е донесена одлука за препорака за карантин или воведување полициски час.

Милошев побара од работниците кои се опфатени со тестирањето да не шетаат низ градот, туку да седат дома се додека не ги добијат резултатите, за на тој начин да се спречи ширењето на корона вирусот.

Тој смета дека со затварањето на петте конфекции состојбата во Штип ќе се нормализира. Милошев информира дека епидемиолозите од Центарот за јавно здравје од утрото се на терен и веќе ги земаат брисевите.