Македонија 19. ноември 2020. / 20:59

(ШОКАНТНО ВИДЕО) Пациентите оставени без храна, Ковид-центарот празен!

(ШОКАНТНО ВИДЕО) Пациентите оставени без храна, Ковид-центарот празен!

До редакцијата на „Лидер“ пристигна видео од читател кое ја прикажува ситуацијата во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кој е пренаменет во ковид-центар.

Од видео-снимката може да се забележи дека во објектот не може да најде вработен ниту за информација за пациентите ниту пак за да им се предаде храна на истите.

„Нема и кого да прашаме, ниту креваат на телефон. Живи темници, еве каде оставаме храна за пациентите. Ова од сабајле не им е однесено. Луѓето да имаат потреба за вода нема како да однесете“, вели читателот кој го испрати видеото во редакцијата на „Лидер“.

„Ова е на Филипче ковид-центарот. Пациенти горе чекаат храна и вода, а нема кој да им однесе. Немаме ни кого да прашаме, ни да добиеме информација за горе што се случува“, појаснува читателот.