Стојан Арсовски кој бил возач на Бојан Јовановски објасни дека најпрво бил негов шофер, а потоа го ангажирале и во 1 ТВ. За ангажманот добивал плата од 40.000 денари.
Тој потврди дека постојано бил со Боки и дека среќавал многу луѓе околу него. На прашање на Дукоски дали го познава Зоран Милевски тој одговори потврдно.
-Кичеец го знам од град, но го гледав често и во 1ТВ бидејќи беа пријатели. Кичеец одеше и во домот на Боки во населбата Орман, но јас чекав надвор-објасни возачот.