Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју на телевизија „Телма“ изјави дека во новите згради кои се предвидуваат во ДУП-от за Расадник кај Кисела Вода не може да има 80.000 жители.
Како што истакна Шилегов, таква евентуална бројак ги надминува параметрите на Генералниот урбанистички план.
-Не може да биде донесен ДУП што е надвор од Генералниот урбанистички план. И да сакате, не смеете да ги надминете параметрите. Тоа значи дека не е точно дека ќе бидат 80.000 луѓе, туку ќе бидат 8.000 луѓе. Деталите се работа на Општина Кисела Вода. Меѓутоа, анализите што ги направивме ние е дека повеќе 33 проценти од таа површина ќе остане зелена – вели Шилегов.