Шилегов не се откажува од идејата за дислокација на спомениците од Скопје 2014. Откако отстрани само еден споменик – тој на Ќосето, заглави во бирократија со Галиите на Вардар.
Градоначалникот вели дека спомениците од Скопје 2014 сака да ги смести на депонијата во Ѓорче Петров.
– Мене на пример ми се допаѓа идејата дека можеби онаму каде што ја исчистивме дивата депонија во Ѓорче може да направиме мементо парк, да ги дислоцираме сите статуи од Скопје 2014, таму. на пример тоа нешто Унгарија го има направено, сите статуи на Сталин ги имаат лоцирано, или обележја на комунизмот ги имаат ставено во еден мементо парк. Зошто да не го направиме и ние со оставштината од нашиот мал диктатор, рече Шилегов.
Но, бидејќи сме поделено општество вели дислокацијата не треба да биде брутална, за никој да не биде навреден. Да не се повредат чувствата на оние граѓани кои сакаат да нив да ги гледаат спомениците.
Шилегов кажа дека, отстранувањето на галиите заглави во правни лавиринти. А Град Скопје во моментов работи на решавање на проблемот со четирите споменици – донација од граѓанско здружение.