Македонија 28. октомври 2020. / 13:49

Шест години затвор за поранешниот началник во УБК Тони Јакимовски

Шест години затвор за поранешниот началник во УБК Тони Јакимовски

Шест години затвор за Тони Јакимовски како ексначалник во УБК, кој беше и шеф на кабинет на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, пренесува „360 степени“.

Затворска казна од четири години за Стево Маџовски, кој бил вработен во УБК, а ослободителна пресуда за уште една вработена во оваа Управа, Кристина Јосифовска.

Ова е пресудата од Судечкиот совет во предметот кој се однесува на проневера на пари од спец касата во УБК. Пресудата е првостепена и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје.