Македонија 13. јуни 2020. / 19:30

Шеснаесет медицински сестри од Гинекологија се во изолација, Филипче тврди не од случајот со родилката

Шеснаесет медицински сестри од Гинекологија се во изолација, Филипче тврди не од случајот со родилката

Шеснаесет медицински сестри од државна Гинекологија се во изолација, но не од случајот со родилката која прво беше примена на ГАК, а потоа се породи во „Ремедика“.

Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, поголем дел од нив поминуваат 14 денови и ќе се вратат на работа и клиниката функционира добро и работата не е компромитирана.

Родилката, пак, која беше примена на Инфективната клиника во Скопје, на свое барање, согласно лесната состојба којашто тоа го дозволила, заминала на домашно лекување.