Македонија 18. April 2019. / 11:23

Шекеринска упорно бега од дебата со Николовски

Шекеринска упорно бега од дебата со Николовски

Потпретседателот на на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски на социјалните мрежи информираше дека Шекеринска упорно избегнува да се соочи со него на дебата.

-Би сакал да ја информирам јавноста дека министерката за одбрана и воедно заменик претседател на СДСМ Радмила Шекеринска избегнува да се соочи со мене на ТВ дебата. Во изминатиов период беа направени обиди од најмалку 5 телевизии да се организира ТВ соочување меѓу мене и Шекеринска, напиша на Фејсбук Николовски.