Македонија 29. ноември 2020. / 14:11

Шекеринска се прогласи за ненадлежна за што содржи евентуалниот „Патоказ“ на Договорот

Шекеринска се прогласи за ненадлежна за што содржи евентуалниот „Патоказ“ на Договорот

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска истакна дека пораките коишто доаѓаат однадвор покажуваат дека од Македонија и од Бугарија се очекува да стават точка на недовербата и непријателството.

Таа денеска во Штип одговарајќи на новинарско прашање што работат работните групи на Македонија и Бугарија, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји и што содржи евентуалниот „патоказ“ кон Договорот за добрососедство, кој се споменува, рече дека на тоа одговор можат да кажат одговорните.

-Тоа не е задача на целата Влада и не би сакала во еден чувствителен момент, за чувствително прашање, кој било од нас да импровизира, рече таа.

Додаде дека она што е јасно денеска се пораките кои пристигнуваат од сите главни градови.

– Она што е јасно денеска е дека пораките коишто доаѓаат од сите главни градови, од сите држави коишто му посакуваат добро на Балканот, Германија и САД. Денеска со писмото на поранешниот наш амбасадор, а високо позициониран во Стејт департментот, Филип Рикер е дека од нас и од Бугарија се очекува да се стават точка на недовербата и непријателството и да инвестираат во политика која нема да биде фокусирана на минатото туку политика којашто ќе обезбеди европски вредности сега и денес. Не само во Европската Унија, туку и на Балканот којшто сака да стане нејзин член, нагласи Шекеринска