Македонија 26. април 2018. / 11:18

Шекеринска ќе се сретне со “Лудото куче”

Шекеринска ќе се сретне со “Лудото куче”

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска престојува во неколкудневна официјална посета на Соединетите Американски Држави.

Во Вашингтон, на 1.мај, министерката Шекеринска ќе се сретне со американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, кој во американските медиуми го нарекуваат “Mad Dog” што во превод на македонски значи “Лудото куче”.

Официјалната посета на САД и средбата со секретарот за одбрана Матис се случува во клучен период, два месеци пред НАТО-Самитот. Тоа е извонредна шанса да покажеме колку членството во НАТО е важно за Република Македонија и да покажеме дека тоа исто така носи вредности за земјите – членки на НАТО Алијансата. Со американскиот секретар за одбрана ќе разговарам за нашето стратешко партнерство, за одбранбените реформи, но и за сите оние работи кои што Македонија може да ги понуди на НАТО алијансата, во смисла на зголемена безбедност во регионот и на европскиот континент. Во последните 10 месеци секојдневно работевме да ја вратиме довербата на македонските граѓани во својата држава, но исто така и да ја вратиме довербата која странските партнери ја имаа во Република Македонија. Покажавме дека зборот е збор, дека она што Македонија го најавува, она што го презема, она што го ветува, го исполнува. Ова е шанса да покажеме дека Република Македонија заслужи, дека заслужува да стане членка на НАТО“, изјави министерката Шекеринска пред заминувањето во САД, пренесе Макфакс.

Следат средби и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер, како и со високи претставници во Стејт Департментот и Пентагон, а ќе има средби и во Сенатот и Конгресот на САД.