Македонија 17. септември 2018. / 14:37

Шекеринска ја пречека министерката за одбрана на Италија

Шекеринска ја пречека министерката за одбрана на Италија

Министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трента попладнево пристигна во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Трента беше пречекана на скопскиот аеродром од министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Предвидено е министерките Трента и Шекеринска да имаат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат разговори на двете делегации и изјави за медиумите.