Македонија 19. април 2018. / 18:59

Шекеринска и Спасовски во “конфликт“ за мигрантите

Шекеринска и Спасовски во “конфликт“ за мигрантите

Министерката за Одбрана Радмила Шекеринска и министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски со различни ставови околу тоа дали на Македонија и следува нова мигрантска криза и наплив на мигранти од Сирија.

Во една иста недела, двајцата министри и потпретседатели на владата дадоа две различни прогнози и подготовки околу тоа дали кон Македонија ќе доаѓаат мигранти.

-Не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“, Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет. – рече денеска министерот за Внатрешни работи и потпретседател на влладата Оливер Спасовски на  генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид.

Пред само пет дена, неговата колешка, Шекеринска, излезе со сосем различно тврдење – дека по нападите со хемиско оруже во Сирија, Македонија треба да се подготовки за нов мигрантски бран на „балканската рута“.

-Настаните во Сирија ќе имаат влијание и врз Македонија со зголемување на мигрантскиот притисок. Како држава се подготвуваме и за зголемување на мигрантскиот притисок врз границите, рече Шекеринска.