Во вечерашното гостување на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија „И што сега“ на МРТ, Николоски беше сам, и покрај поканата до Шеќеринска и Димитров, тие рекле дека иако се подготвени за соочување, неможат да се прилагодат со термините за реализација на емисијата.
Николовски на ова додаде:
–Мене ми е жал, еве колку што сум информиран веќе трета недела се обидуваме да се соочиме или со Шеќеринска или со Димитров, но и едниот и другиот бегаат, рече Николовски.
Тој ја потсетува јавноста дека последен пат кога еден од нив собра храброст за дуел или дебата, тоа беше пред референдумот.
–Од тогаш избегнуваат не само на Националниот сервис, туку и на приватните телевизии да се соочат со мене, веројатно им е страв дека аргументите се на моја страна, потенцираше Николовски.