Девојката што го одржувала домот на Бојан Јовановски – Боки 13, Драгана Колевска, сведочеше дека на гости кај Боки, честопаи доаѓале голем број политичари и познати лица.
– Доаѓаа Радмила Шекеринска, Катица Јанева, Стефан Богоев, Александар Кирацовски, Орце Камчев, Зоран Милевски, Сергеј Варошлија, Венко Филипче, Анета Кочишки – наброја Колевска.
Колевска изјави дека кога тие доаѓале, таа ги послужувала со кафе и сок, а понекогаш и со јадење.
Колевска додаде дека гости во домот биле и новинарите и уредници, Ацо Кабранов и Јадранка Костова, но таа не слушала за што зборуваат со Боки 13.