Македонија 05. април 2020. / 18:30

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто утре во Скопје ќе предаде помош за справување со корона вирусот

Шефот на унгарската дипломатија Сијарто утре во Скопје ќе предаде помош за справување со корона вирусот

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, утре на негова иницијатива ќе престојува во работна посета на Република Македонија, за време на која предвидени се средби со шефот на дипломатијата Никола Димитров, како и со други високи претставници на земјава.

Соработката во справувањето со пандемијата ќе биде во фокусот на разговорите, а во тој контекст заедно со унгарската делегација ќе пристигне и конкретна помош за Македонија, за полесно надминување на овие предизвици.
Ќе бидат разгледани и билатералните односи, можностите за нивно понатамошно унапредување, како и продлабочување на соработката и солидарноста помеѓу двете земји, но и во рамките на Европската Унија – наведуваат од МНР.
По средбата, министрите Димитров и Сијарто ќе одржат прес-конференција која ќе може да се проследи во живо на лајвстрим во ХД резолуција со превод на македонски јазик од изјавата на унгарскиот министер. Како што се посочува во соопштението од МНР, новинари и камери не се предвидени во Министерството, а прашањата треба да ги испратат до МНР најдоцна 15 минути пред почетокот на закажаната прес-конференција.