Македонија 01. мај 2019. / 19:11

Шефот на изборниот штаб на ДУИ: Во вториот круг ДУИ ќе испорача 80.000 гласови за Пендаровски

Шефот на изборниот штаб на ДУИ: Во вториот круг ДУИ  ќе испорача 80.000 гласови за Пендаровски

Шефот на изборниот штаб на ДУИ, Изет Меџити вели дека во вториот круг од претседателските избори, неговата партија ќе испорача околу 80.000 гласови за консензуалниот кандидат Стево Пендаровски.

Во првиот круг околу 50 илјади гласа завршија во контото на Пендаровски, а околу 25 илјади на контото на Река, а голем дел решија да останат дома. Значи дека е потребно повеќе време граѓаните да го разберат концептот на консензуалност. Тие гласа не се на Река, но го гласаа бидејќи Албанците не се навикнати уште во првиот круг да гласаат за кандидат Македонец. Тоа беше отежителна околност, но тоа се гласачи на ДУИ и во вториот круг без никаква дилема ќе знаат каде да се насочат и тие гласови ќе завршат во контото на Пендаровски, изјави Изет Меџити.

Од партијата велат дека бојкотот и помага на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и носи претседателска и парламентарна криза, како и дека ги ризикува НАТО и Европската Унија. Бојкотот, велат дека ниту ќе овозможи привремен претседател, ниту ќе казни некоја партија, но ќе поттикне избори.

Албанците во Северна Македонија имаат потреба од Претседател кој ја поддржува интеграцијата на земјата во НАТО, членството во Европска Унија, кој го поддржува Охридскиот Договор и јазичната рамноправност и гледа партнерство во Вашингтон и Брисел.

Заради овие причини, ние ги посетивме сите локални штабови во периодот помеѓу двата изборни круга и ги повикавме граѓаните масовно да излезат на гласање на 5 мај, додека утре на 2 мај, во Салата на Филхармонијата во Скопје, со почеток во 19:30 ќе одржиме централен објаснувачки собир каде г-дин Ахмети ќе им ги објасни на граѓаните ставовите на ДУИ како и потребата за излезеност и гласање на 5 мај.