Шеесет и три македонски граѓани утрово тргнаа од Црна Гора за да се вратат во Македонија. Тие патуваат со еден автобус и 19 автомобили. По пристигнувањето тие ќе бидат сместени во задолжителен карантин, согласно мерките за заштита од пандемијата.
Превозот на конвојот со македонски државјани се изведува во соработка со министерствата за надворешни работи на Црна Гора и на Косово.
Истовремено, во рамки на договорот, овозможено е со автобусот на пат кон Црна Гора да се упатат 15 црногорски граѓани што во моментов се во Македонија.