Македонија 05. јули 2019. / 11:44

Шарените револуционери разочарани: Реакција на Милчин за Дураку за вицепремиер – „Дупло дно“

Шарените револуционери разочарани: Реакција на Милчин за Дураку за вицепремиер – „Дупло дно“

Шарените револуционери повторно се разочарани од премиерот Зоран Заев и гласно го искажуваат својот револт.

Поранешниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, некогаш и предводник на Шарената револуција, се огласи по поставувањето на Садула Дураку за вицепремиер.

Дупло дно, напиша Милчин на Фејсбук.

-Надежта повеќе не живее тука. Секој ден по некој „бисер“!. Е го претераа. Брука… се само дел од коментарите по постот на Милчин.

Со реакција и поддржувачката на Шарена револуција Нора Шаќири, која вели дека не е среќна со изборот.

Актерот Сашо Тасевски кој важеше за еден од најгласните поддржувачи на Шарената револуција, исто така „распали“ на Фејсбук за Дураку, или Командант Вентили, и неговата вицепремиерска фотелја.

Револтот јасно го изразија и граѓаните на социјалните мрежи.