Македонија 02. мај 2019. / 14:07

Шарена револуција денес ќе се сретне со Пендаровски

Шарена револуција денес ќе се сретне со Пендаровски

Шарените револуционери, кои застаа зад иницијативата „На мегдан“, денеска ќе се сретнат до кандидатот на СДСМ и коалицијата за претседател, Стево Пендаровски, кој ќе одговара на нивните прашања. Средбата ќе се одржи во 14:50 часот во кафе барот Mr. Jack, а настанот ќе оди во живо на фејсбук страната на иницијативата.

Од таму велат дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ се уште одбива да се сретне со нив.

Поради ограничениот број на места, како што најавивме од почетокот, предност ќе имаат поддржувачите на иницијативата, односно оние кои со име и презиме застана зад неа. Останатите места се за другите заинтересирани кои би дошле на настанот. За жал, Гордана Сиљановска се’ уште одбива да се сретне со нас и да одговори на прашањата од граѓаните од кои очекува поддршка. Се надеваме дека ќе најде време во агендата пред предизборниот молк и ќе го промени ставот. По настанот, ќе објавиме резиме од дискусијата, велат од граѓанска иницијатива #НаМегдан.