Новите регистарски таблички за возилата кои МВР ќе ги издава од наредната недела,од понеделник, ќе бидат со национална ознака NMK наместо досегашната МК. Поради Преспанскиот Договор кој го потпиша Владата на Заев.
Според измените кои ги направи Министерството, предвидено е новите таблици да се издаваат од 15 јуни, но бидејќи е сабота, првите ќе се издадат веројатно во понеделник. Оние пак, кои немаат потреба веднаш да ги менуваат таблиците ќе ги користат веќе воведените налепници.
Инаку, и општина Крушево ќе има сопствени регистарски ознаки KS и истите ќе бидат на новите таблички од возилата, обзнани градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христовски.
Упатувам искрена и голема благодарност до Министерот Оливер Спасовски за изменување на Правилникот за регистрациони подрачја за возилата и нивните ознаки во Р.С. Македонија и воопшто за уважување на нашето барање. Општина Крушево станува препознатлива општина во повеќе области, додека крушевчани ќе имаат свои препознатливи регистарски табли, рече Христовски.