Македонија 10. март 2019. / 14:02

Сестрата на Борјан Јовановски вработена во мисијата на Македонија во Брисел

Сестрата на Борјан Јовановски вработена во мисијата на Македонија во Брисел

Светлана Јовановска, сестрата на провладиниот новинар Борјан Јовановски е ново-вработена во мисијата на Северна Македонија во Европската Унија.

Сестрата на Јовановски, самата се пофали на нејзиниот Фејсбук профил дека работи во мисијата во Брисел како офицер за комуникации.

Инаку, нејзиниот брат Борјан е еден од главните медиумски подржувачи на актуелната власт преку телевизијата 1тв во која работи и порталот Нова ТВ.

Јовановски е во исклучително блиски односи со министерот за надворешни работи Никола Димитров, но и со вицепремиерот за европски прашања Бијар Османи, кој ја праќа оваа делегација.

Да биде непотизмот уште поголем, нејзината ќерка Тања Милевска, по доаѓањето на СДСМ на власт, беше експресно вработена во државата новинска агенција МИА, како дописник токму од Брисел, град во кој со нејзината мајка живеат веќе подолги години.

Милевска, во неколку наврати беше откриена во пренесување на лажни вести преку државната новинска агенција.