Даниел Сервер, на седницата на Комисијата за eвропски прашања пред присутните истакна дека САД сака сите земји на Балканот да станат дел од ЕУ затоа што тоа е најголема сигурност за стабилноста на регионот.
Според него, либералната демократија бара регуларна уставна опозиција, која може да ја смени моќта. ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта, но треба да се има превид дека ја има можноста да се врати, смета експертот.
„Дури ако ги направите сите нешта што ги бара ЕУ, дали Атина сè уште ќе биде проблем? Да. Тука имате два начини за понатаму, надолна спирала и поблиску до Русија, нешто што ќе донесе поделби. Другата е спирала која носи кон прифаќање на условите на ЕУ и НАТО. Сега единствениот ефективен начин да се усогласите со ЕУ и САД е да се усогласите со Атина. Знам дека е болно, но само тогаш НАТО и ЕУ ќе станат реалност за вас“, тврди Сервер.