Македонија 12. февруари 2019. / 09:32

Сервер: Македонија за 5 години ќе биде подготвена за членство во ЕУ

Сервер: Македонија за 5 години ќе биде подготвена за членство во ЕУ

Политичкиот аналитичар Даниел Сервер смета дека Македонија во јуни ќе ги започне преговорите за членство во Европската унија и за пет години ќе биде при крајот на процесот за зачленување.

Професорот на универзитетот ,,Џон Хопкинс“ и добар познавач на Балканот вели не сум во бизнисот со предвидувања но сметам дека е најреалистично Македонија во 2024 да биде при крајот на процесот за зачленување во Европската унија, изјавил Сервер за МИА.

Даниел Сервер смета дека за тоа треба да се направат реформи за независно судство и целосно имплементирање на она што се нарекува право на ЕУ или аки комунотер.