Македонија 19. јануари 2021. / 20:23

Сенатот на УКИМ со бројни и сериозни забелешки на Нацрт-концепцијата за основно

Сенатот на УКИМ со бројни и сериозни забелешки на Нацрт-концепцијата за основно

Универзитетскиот Сенат на Универизитетот Свети Кирил и Методиј донесол заклучоци за концепцијата за реформи на образованието на министерката за образование Мила Царовска.

Внимателно читање на документот на пет страни покажува дека сенаторите на УКИМ се согласуваат со потребата и целите на реформата во образованието но не на начин кој што го турка Царовска со неколку свои соработници, консултанти и експерти.

Според воведниот текст на заклучоците на сенатот започнување на реформа на образованието во краток рок без соодветни подготовки и без соодветна стручна и јавна дебата може да доведе до далекусежни последици за процесот на образование.

Заклучоците на Сенатот на УКИМ даваат низа конкретни анализи и сугестии кои се испратени до Царовска, но од нејзиното министерство засега нема реакција на овој документ.

Според заклучоците сенатот на УКИМ е против укинувањето на предметот историја но и против намалување илинукинуваљњ на неколку други предмети кои се важни за образованието на децата.

Целиот документ од Сенатот на УКИМ може да го погледнете тука.