Македонија 24. мај 2019. / 11:18

Сенатот на САД ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија

Сенатот на САД ја потврди Кејт Мари Брнс за нова амбасадорка во Македонија

Сенатот на САД ја потврди Кејт Mари Брнс за нова амбасадорка во Mакедонија, објавено е на официјлната веб страна на Kонгресот.

Брнс e дипломат од кариера и досега беше заменик шеф на мисијата на САД во Aтина, a претходно беше постојан претставник на мисијата на САД во ОБСЕ во Виена.

На сослушување во Сенатот, Брнс кажа дека работата на амбасадата ќе се фокусира на три области: ќе промовира стабилност низ силни институции, ќе работи на зајакнување на безбедноста преку партнерство и ќе работи на поттикнување на просперитетот преку позитивно влијание.

– Северна Македонија ќе напредува со унапредување на човековите права, инклузија на различностите, слобода на медиумите и отворен пазар. – рече Брнс при претставувањето на приоритетите.

Кога новата амбасадорка ќе пристигне во Скопје се уште не е познато. Претходниот амбасадор Бејли замина во февруари, а од тогаш вршител на фунцијата е Микаела Швајцер-Блум.