Македонија 25. јануари 2019. / 18:13

Села: Време e Албанец да биде претседател на државата

Села: Време e Албанец да биде претседател на државата

Лидерот на Алијансата смета дека е време шеф на државата да биде Албанец и дека е потребно да се одржат предвремени парламентарни избори.

Алијанса за Албанците ќе има свој кандидат и името ќе го објави откако ќе се договориме во партијата. Мислам дека е време Албанец да биде претседател на државата и така да пратиме порака за една нова Македонија ослободена од сите предрасуди. И така ќе бидеме едно општество за сите, изјави Зијадин Села.

Тој смета дека се нужни предвремени парламентарни избори за, како што вели, „да се исчисти државата од политичари кои си носат закони за себе да не одговараат за своите криминали. Само така ќе дојде правдата која се најавуваше“, вели Села, пренесува „Макфакс“.