Македонија 24. август 2020. / 10:53

Села во Струга се сретнал со претставници на косовското движење Самоопределување

Села во Струга се сретнал со претставници на косовското движење Самоопределување

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, вчера се сретнал со високи претставници од Движењето Самоопределување од Косово. Села во Струга се сретнал со Беким Ќоку, член на Генералниот совет на Самоопределување, Глаук Коњуфца и Мефаил Бајќинофцин.

Според порталите на албански, на средбата се разговарала за соработка меѓу Алијансата и Самоопределување.

Неодамна косовски медиуми информираа дека Самоопределување ќе дејствува и во Македонија и тоа преку претставници на Алијансата за Албанците. Од Алијансата тогаш не ја потврдија информацијата дека преку нивни членови Самоопределување влегува во Македонија, но напоменаа дека Алијансата и Самоопределување, односно Села и лидерот на косовското движење Албин Курти одлично соработуваат и дека дејствувањето на косовската партија во земјава би било ветер во грбот на тукашните опозициски партии на Албанците.