Зијадин Села, пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по синоќешната бурна собраниска седница на која собранискиот спикер, Талат Џафери ја прекина седницата без да се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, се огласи на Фејсбук.
-Разголенa вистина. Вчера Агим, денес Талат. Замислете го човекот кој беше избран за претседател на Собранието на бурен начин, денес „наводно” под изговор дека нема услови, спречија да му се одземе имунитетот на Трајко Вељаноски. Дали станува збор за еден глас или се крие нешто многу повеќе, вклучително и 27 април (за што Вељаноски има многу да открие) што го принуди шефот на ДУИ да го направи синоќешното сценарио?
П.С: Дали е продолжена рака, или фатена опашка, напиша Села на Фејсбук.