Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, го коментираше договорот помеѓу СДСМ и Движењето БЕСА за предизборно коалиционирање.
-Поранешниот сојуз ДУИ – СДСМ, се противи на еден сегашен “сојуз“ на СДСМ и Движењето Беса. Политичките партии имаат своја автономија и ние тоа го почитуваме, но, нашиот став е дека се работи за погрешна коалиција, таква коалиција не го максимализира албанскиот глас, туку напротив, креира услови во иднина некој да земе за право, без да има политичка партија внатре, туку само албански експоненти внатре, да го скрши принципот поставен во деведесетите, изјави лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.