Македонија 15. август 2019. / 10:48

Села: Дојде време да се смени власта, потребни се предвремени избори

Села: Дојде време да се смени власта, потребни се предвремени избори

Претседателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори. Според Села, дојдено е време да се смени власта.

Села: Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ.

Тој имаше критики и за ДУИ. Според него, албанскиот дел во владата владеел на незаконски начин.

Зијадин Села: Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незаконски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество.