Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, смета дека Бугарија со негирањето на Македонците како посебен народ со свој јазик покажува територијални претензии кон Македонија.
– Темата што ја отвори Бугарија во последно време, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка, тоа што не се кажува во овој случај е дека Бугарија и понатаму има територијални претензии кон Македонија, изјави тој за ТВ 21.
Според првиот човек на опозициската партија од албанскиот политички блок, спорот меѓу Скопје и Софија во основа го содржи прашањето за неколку историски ликови, но проблемот е поголем од тоа, а албанскиот политички фактор воопшто не учествува на теми од ваква важност.