Ние како Алијанса за Албанците велиме дека една од основните работи на политиката е и сигурноста на граѓаните, сигурност без здравје нема. Затоа поддржуваме да се одложат изборите, рече лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села по средбата кај претседателот Стево Пендаровски.
Тој рече дека со другите партии се договориле дека изборите треба да се одложат.
– Експертите треба да најдат модалитети како да се дојде до одлагање на изборите, а после партиите да се договорат и за друг датум за избори кога ќе има услови, рече Села.
Тој упати и апел до Владата да се фокусира на снабдувањето со храна и се друго што треба за граѓаните, посебно во дебарско каде што живеат и други кои не се заразени.