Секретарот на болницата во Охрид, Антонио Наумоски се вакцинирал против Ковид 19, затоа што влегувал во ковид-одделението на болницата, тврди за „Слободен печат“ директорот на болницата доктор Горан Балески откако министерот за здравство Венко Филипче најави дека ќе следат санкции зашто болницата вакцинирала во приоритетна група некој што не бил здравствен кадар.
Според него Наумоски бил меѓу пациентите и ги придружувал екипите кои биле испратени од Државниот санитарен и здравствен инспекторат да прават инспекции во болницата.
„Не ми се верува дека за една вакцина прават проблем. Ова не е правник со канцелариска работа, туку секретар на болница кој ако дојде комисија од Инспекторат влегува внатре со нив во делот за ковид пациенти, облекува скафандер. Тој не одбива работа, со мене заедно има растоварано боци со кислород и сме ги носеле во ковид одделението. Ние кога имавме 111 болни пациенти од ковид во болницата, ние моравме и сами да растовараме и да носиме боци со кислород. Нас мајстор не ни влегуваше да ни поправи чешма или да ни смени сијалица во тоа ковид одделение, сами сме влегувале. Педесет боци сме растовариле ние двајцата сами и сме ги однеле во ковид одделението. Секој што сака имаше право да се вакцинира и не можам да поверувам дека за ова се прави проблем. Ние имавме здравствен кадар кој заболе и имаше антитела и не се вакцинираше, не го зел местото на ниеден здравствен работник“, вели доктор Балески за „Слободен печат“,
Целиот текст прочитајте го на страницата на „Слободен печат“.