Македонија 05. април 2020. / 16:10

Секој десетти заболен во Македонија е медицинско лице

Секој десетти заболен во Македонија е медицинско лице

Во Македонија има 52 здравствени работници заразени со корона вирусот, што е околу 9,5 проценти од вкупната бројка на позитивни случаи.

Како што информира министерот за здравство, Венко Филипче, 34 од позитивните медицински лица се заразиле во болнички односно амбулантски услови.

Здравствените работници се први на удар затоа што се во непосреден контакт со пациентите. Меѓу заразените медицински лица има и лекари што ја компромитира работата на медицинската установа, како што е случај со кумановската болница. Таму веќе се ангажирани двајца други лекари-интернисти, кои ја координираат работата, еден од Скопје, а еден од Штип – вели министерот Филипче.

Со 72 регистрирани случаи во последното деноноќие вкупната бројка на заразени од Ковид-19 во Македонија се искачи на 555 случаи.