Невладините организации објавија извештај, во кој се проценува дека 16.000 деца во Македонија ќе паднат под прагот на сиромаштија поради кризата од пандемијата со Ковид-19.
Секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија, а се проценува дека дополнителни 16.000 деца ќе паднат под прагот на сиромаштијапоради кризата од пандемијата со Ковид-19.
Паричната вредност на социјалните надоместоци е премногу ниска, додека социјалната грижа и поддршка се недоволно развиени и не обезбедуваат адекватен животен стандард за децата. Покрај притисокот од сиромаштијата, децата се почесто се изложени и на шлаканиците на врсниците и на возрасните.
Дури десет проценти од децата биле жртва на насилство, додека повеќе од 20% познаваат врсник кој бил жртва на насилство. Децата најчесто наведуваат примери на врсничко насилство во училиштата.
До вакви сознанија дошле невладините организации во истражувањето коешто е сублимирано во Алтернативниот извештај за состојбата со правата на децата во Македонија, а кој е објавен вчера, во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права- 10-ти декември.