Македонија 26. март 2020. / 15:52

Седум војници на АРМ ќе бидат во карантин

Седум војници на АРМ ќе бидат во карантин

Седум војници утре ќе се вратат од Авганистан, информираат од Министерството за одбрана.

Припадниците на Армијата се очекува утре во вечерните часови да пристигнат и потоа да бидат транспортирани до нашата земја. По нивното пристигнување согласно препораките од Владата и од Министерството за здравство ќе бидат упатени во двонеделен карантин кој е задолжителен за сите граѓани кои се враќаат од странство,  соопштија од министерството за одбрана.