Македонија 20. јули 2020. / 14:28

Седум штитеници и тројца вработени во радовишкиот Дом за стари лица позитивни на Ковид-19

Седум штитеници и тројца вработени во радовишкиот Дом за стари лица позитивни на Ковид-19

Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.

-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор, рече директорката Димитрова.

Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.