Македонија 11. февруари 2021. / 17:00

Седум починати и нови 416 случаи со Ковид 19

Седум починати и нови 416 случаи со Ковид 19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2705 тестирања, а регистрирани се 416 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 186, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 23, Велес и Струга – по 16, Тетово – 13, Куманово – 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гостивар и Штип – по 8, Кочани – 7, Гевгелија, Неготино и Крива Паланка – по 5, Радовиш и Делчево – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Кичево, Ресен и Дојран – по 2, Пробиштип, Валандово, Кратово, Богданци и Крушево – по 1.

Пријавени се вкупно седум починати пациенти од кои тројца од Скопје (61г, 66г, 86г), двајца од Струга (53г и 73г) и по еден од Охрид (69г) и Кавадарци (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани се 278 оздравени пациенти од: Скопје – 143, Охрид – 20, Кавадарци – 16, Велес и Тетово – по 14, Куманово – 12, Прилеп и Штип – по 7, Струга – 6, Битола и Струмица – по 5, Кичево – 4, Гостивар, Кочани, Неготино и Пробиштип – по 3, Гевгелија, Радовиш, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 2, Крива Паланка, Свети Николе и Ресен – по 1.

Направените 2705 теста се преку: ИЈЗ-488, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-204, Биотек-589, Клиника „Жан Митрев“-159, Систина-214, лабораторија Лаор–146, МАНУ-84, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Синлаб-52, Ремедика-23, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 567, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ „8 Септември“ – 6.

Досега во земјата се направени вкупно 479.430 тестирања на Ковид-19.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 96.152, бројката на оздравени пациенти е 87.122, на починати е 2.966, а бројот на активни случаи изнесува 6.064.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 42009, активни 2818
Куманово 5329, активни 240
Тетово 5234, активни 210
Прилеп 4746, активни 230
Гостивар 3682, активни 122
Штип 3552, активни 79
Битола 3304, активни 127
Велес 3244, активни 218
Охрид 2995, активни 352
Кавадарци 2864, активни 379
Струмица 2608, активни 147
Струга 2303, активни 159
Кочани 1767, активни 57
Кичево 1745, активни 76
Свети Николе 1097, активни 25
Гевгелија 1060, активни 100
Неготино 1017, активни 73
Дебар 777, активни 53
Ресен 769, активни 64
Крива Паланка 755, активни 45
Радовиш 737, активни 49
Делчево 692, активни 205
Берово 617, активни 34
Пробиштип 517, активни 16
Виница 503, активни 26
Валандово 333, активни 10
Демир Хисар 254, активни 11
Македонски Брод 249, активни 10
Кратово 245, активни 21
Богданци 228, активни 6
Крушево 227, активни 37
Демир Капија 226, активни 45
Македонска Каменица 192, активни 4
Пехчево 183, активни 4
Дојран 92, активни 12.