Македонија 20. јули 2020. / 16:38

Седум нови случаи на Ковид-19 во тетовско

Седум нови случаи на Ковид-19 во тетовско

Центарот за јавно здравје Тетово информира дека седум новозаболени од Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие во тетовско.

Од вкупно седум, четири нови случаи има во населбите во општина Тетово, два случаи во населените места во општина Теарце и еден во Желино – информира д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје.

Од тетовската полиција информираат дека во тетовско до утринава не се бележат нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Извршени им биле контроли на 590 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата – информираат од СВР Тетово.

Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на 24 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.