Центарот за јавно здравје Тетово информира дека во текот на изминатото деноноќие во тетовско се регистрирани седум новозаболени од Ковид-19.
Од вкупно седум, пет случаи се жители на општина Тетово, додека по еден случај има во местата од општините Теарце и Брвеница – информира д-р Зорица Зафироска, специјализант по епидемиологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.
Од тетовската полиција информираат дека во тетовско до седум часот утринава се бележат 29 нови решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Извршени им биле контроли на 587 лица со вакви решенија и не биле констатирани неправилности околу почитувањето на решенијата – информираат од СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, за неносење заштитни маски на вкупно 30 лицa изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба