Македонија 12. декември 2019. / 09:46

Седници на четири собраниски комисии

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за здравство, за образование наука и спорт и Закондавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички сиситем и односи меѓу заедниците се предлог законите за изменување на Законот за личното име, за изменување и дополнување на Законот за личната карта, и на Законот за патните исправи, трите во прво читање. Членовите на комисијата ќе расправаат и за Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и детското престапништво во 2018 годинa, како и за формирање на работна група за зајакнување, унапредување и подобрување на соработката помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Народниот правобранител.

Единствена точка на дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратеници од парламентарното мнмозинство.

Комисијата за образование наука и спорт, исто така, има само една точка на дневниот ред – Предлог законот за изменување на Законот за основање на Технолошко – технички факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, по скратена постапка, поднесен од претниците Александар Кирацовски и Реџаиљ Исмаили.

Токму единствените точки на дневниот ред на комисиите за здравство и за образование, наука и спорт се на дневниот ред на седницата на Законодавно-правната комисија.