За збор по предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата, се пријавиле 67 пратеници.
Пленарната седница за уставните измени може да трае максимум десет дена по што потребно е двотретинско мнозинство за предлогот да помине.
Во случај пратениците да дадат поддршка за отворање на Уставот ќе започне постапка за уставни измени. Владата треба да ги подготви уставните измени и да ги достави до Собрание каде ќе расправа и собраниска комисија и пратениците на расправа, при што на крајот на третата фаза потребно е уште една двотретинска поддршка за заокружување на процесот.