Забрана за движење во текот на викендите во периодот од 16 часот до пет часот наредниот ден е најновата одлука што ја носи Владата како дел од мерките за спречување на ширењето на корона вирусот.
Оваа најнова мерка ја објави техничкиот премиер, Оливер Спасовски на социјалните мрежи, при што истакна дека остануваат на сила сите останати претходно донесени мерки.
Со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот, Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд.
Се забранува движењето на сите граѓани за време на викенд (сабота и недела) од 16 часот до 05 часот!
Остануваат на сила и сите други претходно донесени забрани – објави Спасовски.